Демократски сојуз: Бракот помеѓу судот и политиката да се раскине

Мега аферата „Рекет“ јасно и недвосмислено ги потврдува оценките дека постои спрега помеѓу центрите на моќ, политичкото и бизнис подземје, како и мафијата, која е се подобро организирана и присутна во Македонија, велат од Демократскиот сојуз.

„ДС критички ја опсервира работата на правосудните органи и се залага за нивна самостојност и одговорност во извршувањето на обвинителската и судската дејност. Демократскиот сојуз постојано се залага за генерален реизбор на обвинителите и судиите, како и коренити реформи во поставеноста на судскиот систем, изборот и обуката на судиите, градење на механизми за незавизност, двостепеност на постапките, развиен и објективен контролен механизам над судиите и слично“,се вели во соопштението.

Целокупното наше залагање, додаваат од партијата, е да имаме високо професионални, одговорни и добро платени судии со висок професионален и морален интегритет.

„Цврсто сме определени политичарите, посебно извршната власт да не се меша во работата на судовите. Без реформи во судството, нема владеење на правото и во право е обвинителката Русковска, нема ниту влез во Европската Унија“, велат од ДС.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега