Филипче: За две години, процентот на починати предвремено родени деца е намален за 50%

Министерот за здравство наведе дека во 2016 година промилот на предвремено родените бебиња коишто починале во раниот неонатален период бил 7,5 промили, во доенечкиот период 12 промили и во перинаталниот период 14 промили, сите овие се далеку над европскиот просек.

„Тоа е доказ дека политиките коишто ги водеше ВМРО-ДПМНЕ во здравството беше нереална и инвестиции во непотребни работи, и во светот на неонаталогијата ќе остане запаметена како две бебиња во еден инкубатор.

Тоа што ние го правиме е вистинска инвестиција, прво се надгради знаењето на персоналот коишто работат на интезивната нега, донесовме експертиза од странство – доктори од реномирани европски центри.

Се воведоа бројни протоколи за работа како што се во сите развиени светски и европски болници. Се примија голем број на доктори и медицински сестри, и сериозно го намалија дефицитот на неонатолози и педијатри коишто работата во овие одделенија.

Се спроведе посебна обука  заедно со експерти од Холандија и Германија, коишто работеа на класифицирање на нашите одделенија. Оваа експертиза понатаму се прошири преку специјални обуки на неонатолозите, гинеколозите и акушерите коишто работат на сите родилишта во нашата земја.

Се купи опрема, владата инвестираше 20 инкубатори со цел секое дете биде сместено во посебен инкубатор.

Се инвестираше многу сериозно во нова опрема којашто значително го подобри квалитетот на третман на предвремено родените бебиња, тоа се апарати за неинвазивна вентилација, апарати кои ја поддржуваат белодробната функција кај најмалите бебиња којшто се родени со исклучително мала тежина.

Денес, споредено со 2016 година, раниот неонатален морталитет падне од 7,5 на 3,5 промили. Доенечката смртност од 12 на 6 промили, и вкупниот перинатален морталитет од 14 на 10 промили.

Ова е доказ како се водат здравствените политики. Добро планирано, со добра анализа и со инверстирање таму каде што треба. Пред се во кадарот, опремата и инфраструктурата.

Со ваквите политики СДСМ ќе продолжи  и во иднина, се со цел да го приближиме нашето здравство што повеќе до европското и светски развиеното здравство“ рече Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега