Мицкоски- Борисов: Членство на Македонија во ЕУ е клучната и стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во рамките на конгресот на ЕНП оствари средба со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, соопштуваат од ВМРО- ДПМНЕ.

На средбата се разговарало за актуелните политички случувања во Македонија, односите помеѓу двете држави, но и Европската перспектива на Македонија.

„Мицкоски истакна дека членството во Европската Унија е од стратешки интерес за Република Македонија и клучната стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ. Имајќи го ова во предвид тој посочи дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ после 12 април, темелно ќе работи на спроведување на структурни реформи.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека Македонија се соочува со сериозни проблеми на поле на владеење на правото, висок степен на криминал и корупција во највисоките ешалони на власта како и неказнивоста при случаите на висока корупција. Притоа тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на реформи во правосудниот систем кои ќе го доведат македонското правосудство на ниво на европскиот стандард.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека е за продлабочена соработка базирана на рамноправни основи и взаемно почитување“ се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега