Зеќири: Не ги сакам ДУИ во коалиција, тие се зло за Албанците

Во вечерашното издание на „Click Plus“ на ТВ21 гостуваше Мухамед Зеќири, пратеник на СДСМ.

На прашање на водителот дали би коалицирале повторно со ДУИ, Мухамед Зеќири рече дека тој лично не ги сака ДУИ во коалиција и дека тие биле најлошото нешто што можело да им се случи на Албанците.

-Се случува во институции каде раководат функционери на ДУИ, челниците на ДУИ да вработуваат Македонци, само не Албанци од СДСМ, рече Зеќири.

На прашање дали поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски има се уште влијание во партијата, Зеќири негираше.

- Како резултат на неговите лоши политики СДСМ ги губела изборите и дека денеска тој нема никакво влијание врз работата на СДСМ, рече Зекири.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега