СДСМ: Мицкоски едно зборува пред народот, друго надвор од државата

Дебаклот на Мицкоски не може да се покрие. Ова го велат денеска од СДСМ.

 - За само две минути Мицкоски вчера го потврди своето лицемерие и лажен патриотизам. Иако дома се противеше на Договорот за добрососедство со Република Бугарија, Мицкоски вчера рече дека Договорот е добар и дека го поддржува. Мицкоски едно зборува пред граѓаните, друго надвор од државата. Сега повторно Мицкоски вели дека не е точно тоа што му го кажал на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, велат СДСМ.

 Затоа Мицксоки треба да каже, кого лажел досега, граѓаните кои ги убедуваше дека Договорот не е добар или премиерот на Бугарија Бојко Борисов на кого му кажа дека го поддржува Договорот?, додаваат тие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2019 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега