Денеска стартува меѓународниот саем ТЕХНОМА 2013

На скопскиот саем од денеска па се до 19 овој месец ќе се одржи Меѓународниот саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита ТЕХНОМА 2013.

Паралелно со ТЕХНОМА 2013 на Скопски саем ќе се одржат и 14. Меѓународен саем на занаетчиство и мало стопанство, 33. Меѓународна изложба на иновации - МАКИНОВА, како и Изложба на агромеханизација како сегмент на 63. Меѓународен саем за широка потрошувачка АГРОФУД.

Од скопски саем истакнуваат дека интересот за учество на ТЕХНОМА воопшто не се намалува.

На Меѓународната изложба на иновации МАКИНОВА е најавено претставување на стотина експонати, 30 од Македонија, 10 како младинско творештво и по 10 од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Ќе бидат изложени и експонати од меѓународни изложби.

15.10.2013 - 09:07
Фото: 
Денешен