Бугарите дишат најзагаден воздух

Најзагаден воздух во Европа има во Бугарија, а второто место го држи Полска, според најновиот извештај на Европската агенција за животна средина

Во Бугарија измерена е највисока концентрација на јаглерод моноксид и на сулфур диоксид. Што се однесува пак до озонското загадување на прво место се градовите од Северна Италија.

 Извештајот е заснован на мерења во 38 европски држави во периодот од 2002 до 2011 година.

15.10.2013 - 11:52

најчитано сега