Судиите и обвинителите во БиХ со највисоки плати на Балканот

 Во Босна и Херцеговина судиите и обвинителите земаат највисока плата на Балканот.

Така според податоците на институциите за надзор на работењето на правосудството раководителите во Судот и Обвинителството на БиХ земаат месечно околу 2.000 евра, а добро се платени и судиите во Судот на БиХ, како и Обвинителството на БиХ со по околу 1.900 евра месечна плата, додека нивните основни месечни приходи во просек се за 400 евра поголеми од месечните примања на судиите во Хрватска.

 

Сепак според пишувањето на весникот „Независне новине“ и покрај високите приходи во БиХ, изминатите години се „собрани“ околу 448.294 нерешени предмети.

15.10.2013 - 12:39

најчитано сега