Николовски: Греењето во Стив Наумов е функционално

Државниот студентски дом целосно ги отфрла тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека во студентскиот дом „Стив Наумов“ нема парно греење и дополнително има пукната цефка и поплавен ходник со вода. Од Државниот студентски дом велат дека студентите имаат топли радијатори, нема пукната цефка, ниту вода во ходниците.

„Ние за не цели две години успеавме долгот од скоро 5 милиони евра да го намалиме за безмалку 3 милиони евра и обезбедивме нови инвестиции во сите студентски домови. После долги години и режиските трошоци кои изнесуваа над 1,5 милиони евра заедно со помош на Владата ги сведуваме на нула“, изјави Дарио Николовски, директорот на Државниот студентски дом.

Николовски потенцираше дека Владата сериозно вложува во нови инвестиции во сите студентски домови кои ги подобруваат условите на студентите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега