Зибери: Решавањето на проблемите во институциите е многу комплицирано

Поранешниот пратеник Насер Зибери во денешната дебата во емисијата Топ тема изјави дека ДУИ со актуелното делување го забавува СДСМ во однос на испорачувањето резултати и она што го ветија пред граѓаните.

-ДУИ го забавува испорачувањето на резултати на СДСМ. Решавањето на проблемите во институциите е многу комплицирано. Ова владино мнозинство се изјасни дека нема да продуцира резултати по пат на влијание во другите власти, како во судската. Исто така во однос на други работи, внатре во коалицијата има дијаметрално спротиставени ставови. Не смее и да се заборави дека еден од тие партнери во коалицијата беше со претходната власт, вели Зибери.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега