СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го прекрши Изборниот законик, Мицкоски да побара одговорност од Јанушев

ВМРО-ДПМНЕ има долг од околу 400.000 евра за неплатени обврски за кампањата на Гордана Сиљановска за претседателските избори. Ова гпо велат СДСМ денеска.

 - Бидејќи сметката за изборна кампања од која треба да се наплати овој долг е затворена, ВМРО-ДПМНЕ го прекршил членот 71 од Изборниот законик каде е јасно наведено дека  сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка. Одговорност за ваквото прекршување на законите мора да има првенствено од овластениот потписник на сметката, односно генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Ако навистина е за почитување на законите како што тврди, Христијан Мицкоски треба веднаш да го повика на одговорност Игор Јанушев кој е потписник на сметката на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.

 

 Во спротивно, Мицкоски ќе покаже дека е ист како неговиот ментор Никола Груевски, кој сметките за изборни кампањи ги затвораше со долгови од над 3 милиони евра, додаваат од таму.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега