ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за три години не направи ниедна реформа и мерка

 

Поминаа повеќе од три години како СДСМ е на власт, а нема ниту една реформа и мерка  спроведена од нивна страна. Ова денеска преку соопштение го велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

- Не само што оваа влада не работи за доброто на граѓаните, туку без никаков срам се фали дека  води грижа за стечајните работници. Граѓаните на Република Македонија добро знаат дека стечајните работници се појавија како резултат на претходните влади на СДСМ. Сега со измените од Законот за стечајци, СДСМ се обидува на некој начин да се амнестираат од нивните претходни катастрофални политики. Надоместокот кој стечајните работници кој СДСМ им го ветува е мизерен и не може да се обезбеди основна егзистенција за живот, велат ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, доаѓа денот кога овие политики на СДСМ ќе завршат, а  оваа влада на Зоран Заев ќе биде запаметена како неспособна Влада во историјата на Република Македонија.

- По 12 Април следува обновата на Македонија, која ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ќе се залага да овозможи реални мерки за доброто на сите граѓани во Република Македонија, велат од опозицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега