СДСМ: И Силјановска го впери прстот кон Јанушев

И кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори Гордана Сиљановска посочи дека за финансирањето на нејзината кампања одговорен бил генералниот секретар Игор Јанушев.Ова денеска го велат СДСМ.

- А токму за таа кампања ВМРО-ДПМНЕ има незаконски долг од 400.000 евра кој не може да се наплати. ВМРО-ДПМНЕ го прекршила членот 71 од Изборниот законик каде е јасно наведено дека  сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка. За ваквото прекршување на законите , мора да има одговорност, а овластен потписник на сметката бил генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, велат тие.

Христијан Мицкоски треба веднаш да го повика на одговорност неговиот генерален секретар Игор Јанушев.

- Во спротивно, Мицкоски ќе покаже уште еднаш дека е ист како неговиот ментор Никола Груевски, кој надвор од законот сметките за изборни кампањи ги затвораше со долгови од над 3 милиони евра, додаваат од владејачката партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега