Стаменсковска: Наместо институциите, Заев ја ангажира администрацијата за чистење на ѓубрето по улиците

Власта не работи ништо. Наместо институциите задолжени за чистење на сметот да го исчистат ѓубрето по улиците, Зоран Заев ја ангажира целата администрација да ги чисти улиците и парковите низ градовите, рече денеска на прес конференција Невенка Стаменковска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собрание.

Таа рече дека омуналните претпријатија при општините и градот Скопје имаат обврска и должност да се грижат за хигиената на општините и градовите и истата секојдневно да ја одржуваат. Но очигледно власта не си ја врши работата.

„Зоран Заев ја злоупотребува администрацијата. Власта не работи ништо.

Градовите низ државата треба да бидат секојдневно чисти, бидејќи тоа е обврска на комуналните претпријатија, а не тие да се чистат акциски.

Користењето на јавната администрација за чистење и одржување на хигиена е чиста злоупотреба од страна на Зоран Заев.

Администрацијата треба да работи она за што е платена со парите на граѓаните и тоа да го прави стручно и професионално, а не да извршува работи кои власта не успеала да ги изменаџира, а се дел од секојдневното работење на комуналните претпријатија.

Завршува времето на злоупотреби. По 12 април секој одговорно ќе ја врши својата работа“ рече Стаменковска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега