ВМРО- ДПМНЕ. СДСМ да каже дали е за НАТО или за зачувување на своите позиции

СДСМ да каже дали е за НАТО или за зачувување на своите позиции, велат од ВМРО- ДПМНЕ во реакција на прес конференцијата на Бетиан Китев.

„Доколку СДСМ е за НАТО тие ќе го поддржат ставот на ВМРО-ДПМНЕ НАТО протоколот да се гласа предвреме во собрание, со одложено дејство на негово стапување на сила.

Бегањето од ратификацијата на НАТО протоколот пред време е резултат на стравот на СДСМ од извесниот пораз во април.

СДСМ треба да се охрабри и да ги стави државните над партиските интереси.

 Очекуваме СДСМ да го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и да гласа за предвремена ратификација на НАТО протоколот, се друго е играње со судбината на граѓаните и Македонија“ стои во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега