Поповска: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, една од 17-те иницијатори за законот за една изборна едниница од собраниската прес-сала рече дека се огорчени и изненадени од големиот број амандмани кои ги поднеле ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

- „Не ни е јасно зошто има толку амандмани бидејќи и со една десетина од бројката би се блокирало неосењето на измените на изборниот законик. Иако од ДУИ имавме позитивен сигнал и повик за разговор, сепак настапија спроитвно, но се надевам дека ќе се надмине овој проблем и дека ќе имаат доблест да ги повлечат амандманите. Затоа јавно им се обраќаме и на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, да седнеме, да дебатираме и уште еднаш да се договориме за потребата од ова законско решение. Да ве потсетиме дека ние претходно двапати ги повикавме на дебата, бидејќи сакавме да имаме консензус, но тие не игнорираа“, рече Поповска.

Поповска рече дека нема да отстапат од нивната намера и дека за носењето на законите договорени биле со СДСМ уште пред да влезат во коалиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега