Алијанса за Албанците: Поднесените 5000 амандмани на ДУИ ги блокираат измените во Изборниот законик

Во соопштението стои дека поднесените 5000 амандмани не се ништо повеќе од 5000 причини за блокирање на парламентарната расправа за измените на изборниот законик.

„Од друга страна, приближувањето на ставовите и ко-доставувањето на амандманите со ВМРО-ДПМНЕ е јасен показател за нивните идни соработки за блокирање на процесите што прават разлика за целокупното добро, но секако на нивна штета!

Алијансата за Албанците стои силно зад нејзиното барање за отворени листи како приоритет за изменување и дополнување на Изборниот законик, а заради потранспарентна одговорност пред гласачите, потребни ни се 8 изборни единици. Што исто така значи и зајакнување на албанскиот глас!

Ние како Алијанса сметаме дека измените во Изборниот законик се неопходни за предвремените парламентарни избори со цел да се зголеми бројот на пратеници кои ќе го претставуваат гласот на Албанците во Собрание“ велат во партиско соопштение од Алијанса за Албанците.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега