Димитров му врати на Богдановиќ за навредата дека е идиот: Прочитав за кампањата за миење раце

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во гостување во „Вин Вин“ на телевизија Телма му одговори на градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ кој на Фејсбук го навреди дека шефот на дипломатијата е идиот, па го избриша постот. Богдановиќ квалификацијата за Димитров ја упати откако министерот за надворешни повика да се бојкотира доделувањето на Нобеловата награда за литература на Петер  Хандке.

– Симболиката е многу важна и во светската и во европската политика. Имаше многу реакции од цел свет и од политичари како на пример Трамп, од добитник на наградата. Сите имаме одговорност. Таква одговорност сигурно имале и тие кои ме коментираа мене. Тие што сме должни за надворешна политика и меѓународни односи да се бавиме со тоа. Денес прочитав дека почнува кампања за миење раце -рече Димитров.

За повикот за бојкот на доделувањето на Нобеловата награда за литература Димитров рече дека не се водел од тоа дека премиерот Зоран Заев отпаднал од конкуренција.

 

– Воопшто не ми дојде на умот нашата кандидатура, Заев беше кандидат за нобелова награда за мир, ова беше за литература. Во нашиот регион се случи и според Хашкиот трибунал, првиот геноцид по Втората светска војана, геноцидот во Сребреница. Светот ќе биде подобро место ако имаме доблест да застанеме на вистинската страна од историјата. Тоа беше целта. Важно е да имаме принципиелна надворешна политика – рече Димитров.

Богдановиќ преку „Фејсбук“ на австрискиот книжевник Петер Хандке му ја честиташе наградата, а потоа во неколку коментари ја оцени наредбата на Димитров до амбасадорот на Македонија во Шведска да не присуствува на свечената церемонија како идиотска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега