Ременски се обидела да избега од медиумите: Не знам дали сте вратари или новинари

По пет часа поминати во Обвинителството за организиран криминал каде вршеше увид во докази, пратеничката Фросина Ременски најде начин да ја напушти зградата без да ја видат новинарите, иако сите влезови освен службениот затворија во 14:30 часот. За екипата на „А1он“ таа рекла дека не бегала, туку била во банка, но не објасни како излегла од заклучените излези.

„Може да не трчате по мене? Мислам не е културно. Не ги избегнав камерите, бев во банка“, рече Ременски, а откако и беше запрашана од кој влез излегла бидејќи сите се затворени, таа рече „Јас не знам дали вие сте вратари или новинари во Јавното обвинителство. Ако сте вратари, тогаш клучевите се кај вас и ќе знаете од каде излегов и каде бев“.

Пратеничката Ременски рече дека не завршила со увид во доказниот материјал против неа, а воедно, не знае ниту колкав обем на материјали има Русковска против неа.

„Не завршив со увидот во доказите.Јас не сум видела досега доказ“, рече Ременски.

Запрашана дали е злоупотребена од страна на Бојан Јовановски, пратениечка Ременски рече „на тоа ќе одговорам кога ќе треба“.

Според неа, медиумите прават само фама од случајот со Меѓународниот сојуз и ги посоветува да се интересираат за нив.

„Јас мислам дека вие како новинари треба да се интересирате и за многу посериозни случаи отколку да правите медиумска фама околу нешто што е повеќе приватен интерес“, рече Ременски додавајќи „Со оглед на тоа како известувате мислам дека има тенденција тоа да е приватен интерес“.

Таа смета дека новинарите не известуваат објективно и не ги сослушуваат сите страни, а откако и беше укажано дека таа сега има можност да каже што сака, рече „Не на ваков начин“.

Ременски одби да одговори дали го форматирала телефонот кој го заплени Обвинителството за организиран криминал.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега