Бошкоски: Кој со чиста совест ги чека изборите?

Како помнува времето се изострува и битката околу позиционирањето во однос на изборниот законик. Можеби причините се во одговорите на прашањата чија совест е чиста и кој е подготвен за ново изборно соочување, вели Љубе Бошкоски од Обединети за Македонија.

– Приближувањето на ствовите и доставувањето на амандманите од страна на ДУИ и на ДПМНЕ јасно посочува на оние на кои не им одговара соочувањето. Власт и владеење по секоја цена – тоа всушност би била пораката на  поднесените 5000 амандмани за блокирање на парламентарната расправа за  измените на изборниот законик.

Измените во Изборниот законик за единствена изборна единица се  неопходни доколку сакаме навистина секој глас да биде важен. Избориве ги разбираме како натпревар меѓу идеи и концепти, конкретни  решенија и проекти со кои ќе се подобри животот на граѓаните, а не  гола битка за власт преку (секакви игри) со изборни единици – вели Бошкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега