Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени во изборниот законик, претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, во интервју за „Макфакс“ кажа дека објаснувањето на пратениците дека не биле навреме информирани за измените во изборниот законик и затоа не сакаат набрзина да се расправа за овие закони е само начин да блокираат а за измените биле поканети да разговараат уште во септември.

„Со имените во изборниот законик ништо сушптинско не се менува во функцинирањето на партиите, а ќе добие општеството и граѓаните. Измената која треба да донесе една изборна единица, без праг, отворени листи и 50% жени на листите и со тоа малите партии да бидат ставени во рамоправна позиција и за да се зајакне демократијата во изборниот процес, очигледно не им оди во прилог на двете големи опозициски партии. Не знам зошто тие не сакаат да дојде до расправа и дебата во Собранието и ова личи само на инатење кое оди на штета на граѓаните“, вели Морачанин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега