ВМРО-ДПМНЕ: Катица го злоупотребувала буџетот на СЈО за плаќање на роднини и пријатели

Катица Јанева , под заштита на Зоран Заев, била дел од милионска рекет шема, но и го злоупотребувала буџетот на СЈО за плаќање на роднини и пријатели. Катица Јанева и нејзините блиски, може да се вбројат меѓу најбогатите во Македонија, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Октоподот на Заеви пуштил пипци низ целото општество, а дел завршуваат со фамилии блиски до нив. Јанева го вработила својот роднина Вили Јанев, кој од шофер на гевгелискиот суд станал нејзин шофер и затоа му дала 30.000 евра. Јанева на платен список ја ставила и неговата ќерка, Слободанка Вили Јанева – 1.600 евра, која иако подолг период живее во Америка, земала пари од СЈО. Јанева од СЈО одвоила пари и за Вилма Петкова, сестра на нејзината поранешна колешка и претседателката на Судот во Гевгелија, Злата Попова, на која и дала 15.000 евра. Најпознат пример за непотизмот на Јанева е Ѓорге Делиџаков, внук од сестра, на кого му дала 28.000 евра. Јанева се погрижила и за Методи Цилков,  сопруг на директорката на психијатриската болница во Гевгелија, Љуба Цилкова, која го издаде боледувањето на Катица Јанева. Тој од Јанева добил 26.000 евра, додаваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека од СЈО земале пари и Драгица Аврамчева, ќерка на Кети Аврамчева, директор на ООУ „Владо Кантарџиев“, која добила 30.000 евра, како и Илија Аврамовски, инспектор во МВР Гевгелија, чија сопруга, Јасминка Аврамска, е командир на ПС Богородица. На него Јанева му дала неверојатни 59.000 евра.

-Од буџетот на СЈО имало и за Наташа Олумчева, снаа од брат на поранешниот функционер на СДСМ, Саше Олумчев, која земала 15.000 евра. Бидејќи списокот на роднини очигледно го исцрпила таа го плаќала и Ѓорге Тулупов, другар на нејзиниот син Лазар Јанев, кој земал 24.000 евра. Ова се класични злоупотреби на службата и парите на граѓаните. Не само што ги ограбила бизнисмените, таа ги ограбила и граѓаните и од нивните пари плаќала роднини и пријатели. Безредието и апашлукот мора да запрат. Сите незаконски дејанија ќе бидат санкционирани по 12 април, кога ќе се врати правната држава, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2019 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега