Зекири: Со една Изборна единица не губат Албанците, туку ДУИ

Со 1 ИЕ не губат Албанците, туку ДУИ, напиша пратеникот Мухамед Зекири на својот Фејсбук профил.

„За да се уверат граѓаните дека преставниците на ДУИ по дебати ЛАЖАТ оти Албанците со 1 ИЕ би изгубиле дури 10 пратенички мандати, потребно е само да направат симулација на резултатите од 2016. Да беше тогаш Македонија 1 ИЕ, албанските партии ќе имаа 21 пратеник намесето 20, колку што имаат во моментов.

Односно факт е дека ДУИ ќе имаше 9, а не 10 пратеници колку што има сега, додека трите опозициски албански партии наместо 10 ќе имаа 12 пратеници.

Еве како ќе изгледаа резултатите 2016 доколку Македонија беше 1 ИЕ:

ВМРО ДПМНЕ. 48
СДСМ. 47
ДУИ. 9
Беса. 6
АА. 3
ДПА. 3
ВМРО НАРОДНА. 2
Левица. 1
Трет Блок. 1

П.С: Не манипулирајте со граѓаните: Ако изгуби ДУИ, ПОБЕДУВААТ АЛБАНЦИТЕ!!!“, напиша Зекири.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2019 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега