ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов да го праша Заев до каде е пресудата за „Монструм“ и зошто дозволи еден од убијците да избега?

„Костадин Костадинов наместо да држи празни прес конференции, нека го праша Зоран Заев до каде е пресудата за случајот Монструм и зошто дозволи еден од убијците да избега. Костадин Костадинов треба да одржи една прес конференција пред МВР и да го праша Оливер Спасовски до каде е истрагата за убиецот на Мартин Јанушев, до каде е истрагата за напаѓачите од Рузвелтова, зошто ниту едно убиство не е разрешено!?

Што се однесува до случајот со Томислав Димитровски, тоа е приватна случка, која МВР треба да ја истражи и да постапи согласно закон.

Граѓаните очекуваат и истраги и процесуирање на криминалите на оваа власт, но тоа СДСМ не може да го спроведе, тоа ќе го спроведе новата влада на ВМРО-ДПМНЕ по 12 април. Кога секој што се огрешил кон законите ќе одговара за стореното“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2019 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега