Груевски: Дескоска да каже кои фирми сум ги преземал и станувал сопственик

Поранешниот премиер Никола Груевси се огласи вечерва на Фејсбук по изјавата на министерката за правда, Рената Дескоска, дека тој и членови на неговото семејство преземале фирми и станувале сопственици.

„По повод интервјуто на Рената Десковска за ТВ 21, ја повикувам да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда или без изнуда или на било каков начин, пред да го спомнува моето име. Барем една. Ако има таква. И да изнесе докази за тоа и веднаш нека ја конфискува. Ако нема такво нешто и ако има малку доблест треба да се извини“, напиша Груевски на „Фејсбук“.

Рената Дескоска на гостувањето вечерва во ТВ21, рече дека во минатото Груевски и фамилијата превземале фирми и станувале сопственици, но и дека тоа време е веќе завршено. Додаде дека се што ќе се докаже дека е Рекет или поткуп, треба да се санкционира.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2019 - 21:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега