Заев: Нам ни треба судство кое одлучува, а не судство кое застарува предмети, затоа прочистувањето во судството почнува сега, веднаш!

Дел од судството и од обвинителството останаа последната тврдина на „заробената држава“. -истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев од трибината во Скопје.

Заев посочи дека наместо да се ослободат од сопствените окови, Сваровски судските  центри на моќ застанаа на патот на правдата,како последни упоришта на „заробената правда“.

Ова мора да престане веднаш! – истакна Зоран Заев.

Тој посочи дека овие институции мора да ја променат својата работа и да одговараат пред граѓаните за својата работа.

Тој ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата да започне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите, веднаш.

Го повика и  Судскиот Совет да ја оцени одговорноста на судиите за застарувањето на предметите и целосно да ја провери професионалноста и ажурноста на работата на судиите.

Нам ни треба судство кое одлучува, а не судство кое застарува предмети! Го повикувам и судскиот совет да провери, кој ги држи предметите по фиоки, Правна држава мора да има во Република Северна Македонија - истакна Заев од трибината во Скопје.

Тој ја повика и  Европската Комисија, веднаш да го стартува инструментот за мониторинг на судските случаи за корупција и политички криминал.

Прочистувањето во судството е почнува сега, веднаш!

Прочистување на судиите и обвинителите мора да има, зашто правда може да носат само праведни судии, а не кочничари на правдата. –рече Заев пред присутните граѓани во Скопје.

Му се допаѓало тоа некому или не. Последните бастиони на заробената држава ќе паднат.-истакна претседателот Заев од трибината „ На Прав Пат“ во Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега