СДСМ: Ние сме партија што обединува и води напред

СДСМ изразува благодарност за големата поддршката од граѓаните, од членовите и симпатизерите на вчерашната трибина во преполната сала „Борис Трајковски“ во Скопје. Ова денеска го велат од владејачката партија.

- Масовната посетеност докажа дека СДСМ е партија што ги обединува граѓаните и води напред. Над 10.000 граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите останати вчера испратија силна порака дека државата е на прав пат и треба да продолжи по вистинскиот пат. Граѓаните ги препознаа вредностите, ги чувствуваат придобивките од успешните политики и даваат поддршка на концептот што води напред кон повисок животен стандард, кон повисоки плати и пензии, кон интеграција во ЕУ и НАТО. На 12 април уште еднаш ќе потврдат дека тоа е вистинската опција, се друго е враќање назад во темнина, изолација и неизвесност, велат тие.

 

Од партијата додаваат дека заедно со граѓаните продолжуваме по вистинскиот, правиот пат.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2019 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега