Паника на аеродромите во Москва - полицијата примила дојава за бомби

 

Службите за вонредни ситуации ги проверуваат сите четири аеродроми во Москва откако примиле анонимни закани за поставени бомби.

„Полицијата прими дојава за поставени бомби на аеродромите Внуково, Шереметјево, Домодедово и Жуковски. Истрагата е во тек“, пренесува Тас с.

Додава дека аеродромите продолжиле со бообичаената работа и дека не се евакуирани.

Претходно денеска, непознато лице се јавило и соопштило дека се поставени бомби во 10 судови и повеќе од 10 училишта во Москва.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2019 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега