Обама ги пофали жените: Не сте совршени, но сте подобри од нас мажите

 

Жените не се совршени, но неспорно се подобри од мажите и светот би бил многу подобар доколку тие ја водат земјата, рекол поранешниот американските претседател Барак Обама.

Тој во Сингапур рекол дека повеќето проблеми на светот потекнуваат од старите луѓе, главно мажите, кои држат моќни позиции, а ако светот го водат жени ќе дојде до општо подобрување на животните стандарди.

Обарам рекол дека додека бил шеф на Белата куќа размислувал за тоа  како би изгледал светот кога жените би го воделе, пренесува Би-Би-Си.

„Сега жени, само сакам да знаете, вие не сте совршени, но можам да кажам дека прилично е неоспорно дека сте подобри од нас“, рекол тој.

„Апсолутно сум уверен дека за две години, ако жените управуваат со државите во светот, ќе се види значително подобрување во се“, рекол тој.

На прашањето дали размислува за враќање на политичкиот врв, тој рекол дека верува во лидерите кои се повлекуваат кога доаѓа време.

„За политичките лидери е важно да се потсетат дека се тука да си ги завршат своите обврски, но не доживотно, дека не се тука преку својата моќ да градат чувство на сопствена важност“, заклучил Обама.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2019 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега