Пет соработници на Јакимовски побараа спогодба со обвинителството
Петмина од вкупно 11 обвинети во аферата со продажба на државно земјиште во општина Карпош, случај во кој првообвинет е екс градоначалникот на оваа локакна самоуправа Стевчо Јакимовски од Јавното обвинителство побарале спогодба за санкција, дознава „Слободен печат“.
Во обвинението пишува дека градоначалник Јакимовски сторил повеќе кривични дела како злоупотреба на службената положба и овластување и кривично дело бесправно градење. Делата се сторени во периодот од 2011-2017 година, кога поранешниот градонашлник на Карпош како службено лице повеќе пати ја злоупотребил службената положба и овластување во постапки за јавна набавка и во постапка за легализација на времени објекти од деловен карактер и приватизација на градежно земјиште сопственост на Македонија.
„Тие, иако знаеле и биле должни да знаат, дека објектите за кои се поднесени барањата се објекти што не смеат да бидат предмет на постапка за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, ги потпишале урбанистичките согласности и дале согласност за вклопување на предметните времени објекти за деловна намена во урбанистичко-планската документација. Со потпишувањето на решенијата за утврдување правен статус на времените објекти за деловна намена како да се бесправно изградени објекти, овозможиле три фирми и едно физичко лице да се стекнат со право на сопственост на објектите и ексклузивно право на откуп на земјиштето под објектите кое било во сопственост на државата“, пишува во обвинението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа