ВМРО-ДПМНЕ: Со Шилегов на чело Скопје стана најзагаден град во светот

 

Зимата уште не е почната, а Скопје руши рекорди во аерозагадувањето. Шилегов е две ипол години градоначалник, а нема ниту еден проект за намалување на загадувањето, напротив тоа расте. Ова денеска го велат ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на Шилегов дека Скопје веќе не е толку загадено.

-  Две ипол години поминаа од мандатот на Шилегов, а скопјани не видеа ниту еден негов проект од областа на животната средина. Единствена работа која ја направија е вадење на јавната администрација во сабота, да чисти и да врши работа која треба да ја вршат комуналните претпријатија секојдневно. СДСМ дојде на власт со ветувањето дека ќе го реши проблемот со загадувањето на воздухот, цел мандат им помина, а ништо не направија. Предоцна е веќе за делување. СДСМ си заминува, а вистинските мерки и проекти следуваат по 12 април, со ВМРО-ДПМНЕ, велат ВМРО-ДПМНЕ.                                                                                               

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2019 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега