СДСМ: Невработеноста на младите за една година е намалена за 10 отсто
Стапката на невработеност на младите лица во земјава, која во времето на ВМРО- ДПМНЕ изнесуваше 50 насто, сега за една година е намалена за 10 проценти, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавите на Христијан Мицкоски.
„Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност на младите е намалена на 35,3 проценти во третиот квартал од оваа година во однос на истиот период во 2018 година, што се должи на активните економски политики на СДСМ насочени пред се за младите.
Во истиот период стапката на вработеност бележи раст и работа нашле 10 илјади млади лица, односно бројот на невработени во старосната група од 15 до 24 години од 38.650, се намалил на 28.740.
Стапката на невработеност кај младата популација во земјата во 2015 година изнесуваше 47,3 насто, а во 2016 – 48,2 проценти, што се должи на промашените економски политики на ВМРО-ДПМНЕ, предводено од бегалецот од правдата Никола Груевски.
СДСМ со своите економски политики за подобрување на бизнис климата во земјата и политиките за поддршка на вработувањето обезбедува отворање на нови работни места, пред се за младите, што го потрдуваат и официјалните податоци и наместо апатија и безизлезност на младите им нуди светла перспектива“, стои во реакцијата на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа