Менкиноски за ветингот на Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ предлага подетален процес, а тоа е процесот кој се однесува на потеклото на имот

 

Пред некој да започне некоја одредена позиција, да биде испитан и да се стави неговиот имот на проверка и неговиот кредибилитет, Кофи Анан во една прилика има кажано што значи ветингот и кај може да се примени. Тој за ветингот збори како процес во пост-конфликтни земји во кои што се употребува, и кон ветингот имаат пристапено држави како што се Конго, Азербеџан, Авганистан, Србија, БиХ и Албанија. Значи можете да заклучите за каква демократија станува збор. Европската комисија и многу тела на Европа гледаат на резењрва на оваа појава. Вие неможете да пристапите кон ветинг, а да немате институционални рамки. Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага подетален процес, а тоа е процесот кој се однесува на потеклото на имот. Вие не можете да осудите една цела фела, значи треба да се види за кои судии и обвинители станува збор, односно треба да се воспостави систем на потекло на имот. Ветингот е површна работа.

Вака ја коментираше последната изјавата на претседателот Стево Пендаровски во Собранието околу ветингот, адвокатот Тони Менкиноски во вечерашната емисија „Топ тема” на Телма телевизија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2019 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега