ВМРО-ДПМНЕ: Заев не успеа да го реши проблемот со загадување
Зоран Заев не успеа да го реши проблемот со загадување за овие три години, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштениео на СДСМ.
„Се е во главите на граѓаните, вчера го рече и Макрадули во една дебатна емисија.
Зоран Заев и неговите олигарси пријатели ја трујат Македонија.
Олигарсите на Зоран Заев согоруваат отровни материјали. Нивото на опасен сулфур диоксид во атмосферата според Европската енергетска заедница во Виена е 3.4 пати над нормалата.
Секое ветување беше лажно и празно.
Зоран Заев имаше три години да направи нешто да воздухот. Тој не направи ништо. Сега е време да си замине. Доаѓа време е за одговорност и за обнова на Македонија“ стои во реакцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа