Мисајловски: Времето на политикантите помина, почнува обновата на Македонија

Вчера граѓаните покажаа на чија страна се. Вчера граѓаните покажаа дека се со ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните покажаа дека се за обнова на Македонија, рече на денешната прес-конференција подпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-Уште само 12 дена од заминувањето на Зоран Заев од премиерската позиција и уште само три и пол месеци од победата на ВМРО-ДПМНЕ и почетокот на обновата. Времето на политикантите помина. Секој што се огрешил пред законот и пред народот ќе одговара. Во народот владее апатија, разочараност од се до сега што се случуваше. Оваа генерација во ВМРО-ДПМНЕ е поинаква од сите политичари во Македонија до сега. Нема ветување на невозможни работи, но се што ќе се вети, ќе се исполни. ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе инвестира 11 милијарди евра за 4 години во инвестициите, во проектите, во образованието, во здравството и животната средина. Ќе спроведеме целосна обнова. Во доменот на инфраструктурата ќе реализираме инфраструктурен бум со цел побрз развој на државата, во делот на образованието се обврзуваме барем еден Универзитет да се најде на Шангајската листа, ќе го намалиме загадувањето за 50%, ќе инвестираме во болници, клинички центри и опрема според потребите на граѓаните. Во земјоделието исто така имаме специјален пакет на мерки, со редовна исплата на субвенции и загарантиран откуп на земјоделските производи. За пензионерите ќе го вратиме  стариот модел на пресметка за раст на пензиите два пати годишно. Тоа што им го укина Зоран Заев и Мила Царовска ние ќе го вратиме. Спортот и културата ќе бидат на ниво на државни проекти. Никој нема да смее да ги рекетира бизнисмените. Секој бизнисмен нека се чувствува слободен да инвестира и да креира нови работни места, а доколку некој се обиде да го рекетира тој бизнисмен, без разлика колку и  да е близок на партијата ќе одговара согласно закон. Ќе спроведеме политика на принципи. Најважно за ВМРО-ДПМНЕ се принципите кои мора да постојат во политиката и во општеството. Македонија ќе има влада и премиер кој ќе и биде лојален, истакна Мисајловски.

Следува обновата на Македонија, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2019 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега