Царовска: За само 2.5 години успеавме младинската невработеност да ја намалиме

Откако дојдовме на власт затекнавме целосна запоставеност на младите и неусогласеност на пазарот на трудот со потребите, со побарувачката и понудата, особено со потребите на младите. Ние презедовме одговорност и ги менуваме работите. За само 2.5 години успеавме младинската невработеност да ја намалиме од 48% на 25%. Не сметаме дека е доволно секако, но мерките што ги презедовме даваат резултат и тоа е евидентно, рече потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска на денешната трибина Агенда Млади 20-24.

-Како млада политичарка можам да кажам дека кога се креираат младински политики тие мора да обезбедат резултати не само во моментот туку и во наредните 10 до 15 години. Состојбата која ја наследивме во 2016 година беше поразителна, тоа е резултат на лошите политики на ВМРО- ДПМНЕ. Свесно или несвесно се уништувале стручните насоки, се симнало нивото на високото образование, и тоа донесе поразителни резултати. Младинската невработеност изнесуваше 48.2%. Тоа нас не мотивираше да креираме и имплементираме конкретни и вистински млади политики. За две и пол години младинската невработеност ја намаливме од 48,2 отсто на 35,3 отсто, тоа е доказ дека младинските политики на СДСМ се на прав пат и дека даваат резултат. Не велиме дека сме задоволни но ова е вистинскиот начин, ова се вистинските мерки и ние продолжуваме понатаму, рече Мила Царовска.

Трибината Агенда Млади 20-24 е дел од програмските трибини на СДСМ со експерти, претставници на невладини организации и партиски претставници за креирање на нови решенија и политики кои ќе бидат дел од новата победничка програма на партијата за изборите на 12 април.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2019 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега