ВМРО-ДПМНЕ: Македонија заборави што е чист воздух со Заев

Граѓаните се гушат и се молат да заврне дожд за да се намалат канцерогените честички во воздухот. Инспекторатот не постои, а дури и да се изврши некаде контрола, резултатите се кријат и нема санкции за бизнисмените блиски до Заев. Ова денеска го велат ВМРО-ДПМНЕ.

- СДСМ откако е на власт граѓаните заборавија како изгледа да се дише чист воздух. Македонија три години тоне во смог, а власта предводена од Заев не мрда со прст. Ветуваа алпски воздух пред да дојдат на власт. Кога дојдоа на власт Македонија се претвори во огромен логор. Скопје се гуши, а ситуацијата и по другите градови не е нешто подобра. Граѓаните од Битола, Струмица, Тетово, Куманово, Кичево, Кавадарци го имаат истиот проблем. Загаденоста на воздухот го достигнува алармантното ниво, а Заев и неговата неспособна влада велат се е во главите на граѓаните, велат тие.

На ова негрижа доаѓа крај.

- На 12-ти април граѓаните ќе го казнат СДСМ за сите лаги, криминали. По 12-ти април доаѓа обнова на Република Македонија заедно со идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од опозицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега