СДСМ: За две години го намаливме загадувањето а ВМРО 11 години го игнорираше

11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, негрижата за граѓаните и проекти кои го поттикнуваа загадувањето придонесоа во државата да има енормно загадување во сите големи градови. Ова денеска го велат СДСМ како реакција на соопштението во кое ВМРО вели дека со Заев Македонија заборави што е чист воздух.

-Токму Владата предводена од СДСМ е прва влада која не бега од проблемот со аерозагадувањето, напротив преку  бројни мерки и стратегии целосно се вложува во борба против загадениот воздух. Бројките на мерните станици во Скопје и другите градови потврдуваат дека мерките против загадениот воздух даваат реални резултати. Само за две години, покажуваат интензитет на намалување на степенот на загадување и тренд на намалување на ПМ честичките во воздухот. Истовремено, се подигнуваат нови зелени површини, се субвенционираат трошоци за замена на нееколошките возила и интензивно се работи на гасификација. Борбата против загадувањето бара континуитет.  Она што било игнорирано 11 години на негрижа, не можат да се промени преку ноќ, затоа постојано се реализираат бројни мерки на краток и долг рок кои веќе носат резултати. Што мисли ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните доволно зборува речникот што го употребуваат нарекувајќи ја државата логор. Тоа е речникот на Никола Груевски, тоа е речникот на ВМРО-ДПМНЕ која работи на враќање на државата назад во режим и изолација, велат тие.

Додаваат дека ништо нема да им помогне да се спасат од извесниот пораз што ги чека на 12 април.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега