Пратениците на СДСМ не дојдоа на седницата на која требаше да се гласа зголемување на пензиите за 700 денари

Власта не се појави на комисиската расправа во Комисијата за труд и социјална политика на која што требаше да се усвои предлогот за зголемување на пензиите, обвини пратеникот Влатко Ѓорчев кој е и претседател на ова собраниско тело.

„По критиките дека јас сум кочница за зголемување на пензиите, во 8:30 утрово ја закажав седницата на Комисијата. Таа требаше да почне во 10:30 часот. Но ниту еден пратеник на СДСМ не се појави на комисиската расправа“ – тврди Ѓорчев во изјава за медиумите. 

Тој обвини дека со овој потег СДСМ праќа сигнал дека е против зголемување на пензиите.

Од СДСМ велат дека Ѓорчев седницата ја закажал во 10 часот, односно половина час пред терминот за нејзиното одржување, свесно не оставајќи време пратениците да стигнат и да присуствуваат на расправата.

На комисијата требаше да се усвои предлогот за покачување на пензиите за 700 денари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега