Ѓеорѓиевски: Претепувањето на поранешниот градоначалник Трајкосвки е смислено и со цел- власта сака да го замочи

Вистинското лице на животот што го донесе Зоран Заев е насилство, криминал и пресметка со политичките неистомисленици, рече денеска на прес конференција Орце Ѓорѓиевски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

„Поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски доцна синоќа е претепан на крвнички начин, додека пешачел на пешачка патека. Претепувањето кое се случило е смислено и со цел. Власта сака да го замолчи и заплаши Трајковски. Тоа е демократскиот капацитет на Зоран Заев и неговите насилници. После прогоните и судските постапки, власта поминува и на брутално насилство и физички пресметки. Како и вообичаено по секој кривичен настан, Оливер Спасовски и МВР немаат  реакција. МВР продолжува да молчи за овој случај“ рече Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува крвавиот напад.

„ Ваквото однесување покажува дека власта во заминување е исплашена и во паника не бира средства. На ваквото однесување мора да му се стави крај. Професионалците во МВР мора да се одважат и да ги откријат и изведат пред лицето на правдата насилниците и сите оние кои се инволвирани и кои што ја дале наредбата за напад. Ова насилство не смее да остане нерасчистено и покриено како останатите случаи во кои МВР по политичка нарачка ги штитеше криминалците и насилниците. Зоран Заев и СДСМ се закануваат и ја злоупотребуваат власта. Времето на закани наскоро поминува.  За 10 дена завршува криминално - политичката коалиција на власта. Со заминувањето на Зоран Заев и Оливер Спасовски ќе има и одговорност за секој еден кој што се огрешил пред законите„ нагласи Ѓорѓиевски во прес за новинарите.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега