Шахпаска: Ѓорчев ја отвори и ја затвори седницата со изговор дека нема кворум

Пратеничката Јагода Шахпатска од СДСМ, рече дека го барале и ќе го побараат пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ за седницата да се одржи и да се овозможи 320.000 пензионери наредната година да земат зголемување на пензиите, пренесе Сител.

Сепак Шахпатска, претходно, исто така на прес-конференција, го обвини Ѓорчев за самоволие и лицемерен однос и дека се служи со манипулации и измами, само за да не се одржи седница на Комисијата за Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој се предвидува покачување на пензиите за 700 денари.

– Иако седницата на Комисијата ја закажа утринава во 10 часот и шест минути, за денеска во 10:30 часот, членовите на Комисијата од пратеничката група на СДСМ и коалицијата точно навреме беа во Собранието и чекаа да бидат повикани на седница. Ѓорчев и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во тоа време беа на меѓусебна координација во истата сала каде што требаше да се одржи продолжението на Комисијата. Ни беше кажано дека во моментот кога ќе заврши  нивната координацијата, ќе започне седницата и за тоа ќе не информираат, поради што ние заминавме на јавна расправа за Законот за младински политики, објасни Шахпатска.

Пратеничката на СДСМ обвини дека Ѓорчев ја отворил и ја затворил седницата со изговор дека нема кворум. Таа го повика пратеникот да не ја опструира работата на Комисијата, а координаторот на ВМРО-ДПМНЕ да се огради од неговото, како што рече, „незрелото и недемократско однесување“ и да се изгласа покачување на пензиите за 320.000 пензионери во државата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега