Георгиевски: ВМРО ДПМНЕ го спречи донесувањето на буџетот за 2020 година

 ВМРО-ДПМНЕ го покажа своето вистинско лице. Преку недонесувањето на буџетот на општината за 2020 година, покажа дека воопшто не се грижи за граѓаните на Гази Баба. Единствено важно им е нивниот партиски криминален интерес, рече денеска на прес-конференција градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски.

Тој оцени дека ВМРО-ДПМНЕ во тек на 22 години колку што ја управувала општината не направиле ништо, а сега преземаат чекори со кои ги кочат проектите на новата општинска власт. Недонесувањето на буџетот за 2020 година, истакна градоначалникот, значи дека општината нема да може да ги извршува своите обврски. Значи дека во сила ќе мора да стапи времено финансирање во рок од три месеци.

-Немањето буџет значи дека нема да може да се продолжи навремено градење на градинката во Стајковци. Да започне изградбата на фекалната канализација во населените места Гоце Делчев, Црешево и Смилковци. Општината нема да има средства да изврши ревитализација на каптажите во Раштак и Булачани. Нема да може конечно да се изградат улиците во новата населба Хиподром 2, улицата Фуштанска, како и улиците во Јурумлери и Трубарево каде се гради канализациона мрежа. Недонесувањето на буџетот значи целосно закочување на подготовката на проектите за изградба на нови 4 детски градинки во Синѓелиќ, Инџиково, Ќерамидница и Трубарево, рече Георгиевски.

Блокирани се, дополни, и проектите за изградба на спортски сали ООУ Кирил и Методиј и ООУ Наум Охридски. Закочена е и изградбата на монтажните гаражи во Автокоманда кои беа предвидени во буџетот за 2020 година. Нема да може да се врши сервисирање на уличното осветлување, ниту пак да се започне нов проект, дополни градоначалникот на Гази Баба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега