ВМРО-ДПМНЕ со предлог измени на законот за подобрување на состојбата во одбраната во интерес нa НАТО интеграциите

На денешната седница во Собранието на Република Македонија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев побара дневниот ред да биде дополнет со две точки, тој побара како втора точка да биде дополнета со предлог на законот за измени и дополнување на законот за одбрана и како трета точка да биде ставена информацијата за состојбите и проблемите во оперативно техничката агенција.

– Во однос на предлог законот за изменување и дополнување сакам да ја информирам јавноста дека на барање на министерката за одбрана уште за време кога владата ја разгледување иницијативата на министерството за одбрана имавме средба на која на наконструктивен и коректен начин беа кажани сите наши гледишта размислувања за тоа што треба да биде интервенирано во законот за одбрана за да се подобрат состојбите во одбраната исто така и сето она што значеше усогласување со НАТО процедури како идна земја челенка на НАТО, на наше изненадување и на изненадување на јавноста предлогот кој што го добивме ги содржеше одредбите за кои што реално немамвме против, меѓутоа беше ставена одредба, намерно која што ја испровоцира опозицијата да не ја даде поддршката на законот за одбрана, нагласи Димитриев.

Според Димитриев, владата постојано бара начин како да се направи раздор во собранието, а пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложила измени на законот кои што биле во 99 % исти со предлогот на владата, се со цел и во интерес за подобрување на состојбите во одбраната и во интерес на НАТО интеграциите.

– По однос на третата точка сакам да ја информирам јавноста дека комисијата за следење на надзорот на посебната истражна мерка следење на комуникации уште на 10 октомври до собранието достави материјал кои што беше иниј=цијатива на оперативно техничката агенција, собранието како основач на оперативно техничката агенција да биде запознаето со сите проблеми со кои се соочуваат во нивното работење а се големи и од финансиски аспект. Два месеци и повеќе собранието не најде слух да разговара за проблемите на институција која што самото ја основало,верувам дека ќе снајдете сила и моќ да го ставиме ова на дневен ред, заклучи Димитриев.

Предлогот на пратеникот Емил Димитриев, предлог закон за одбрана по скратена постапка како предлог на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се стави на дневен ред во собранието беше ставен на гласање но не се усвои, додека вториот предлог според претседателот на собранието немало основ да се стави на гласање, затоа што според него немало никаков предлог и информации за состојбите во ОТА како материјал во парламентот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега