Џафери до опозицијата: Не ме повикувајте на хуманост, мислете што зборувате

Половина час претседателот на Собранието, Талат Џафери ги чекаше пратениците од опозицијата да се вратат во пленарната сала за да продолжи утврдувањето на дневниот ред по 126. седница на која се ставени 124 точки. Џафери инсистираше на преносот од седницата во живо да оди цело време сликата со полупразната сала, за, како што рече, граѓаните да видат што се случува.Собранието повеќе од четири часа не може да го усвои дневниот ред на седницата. Откако претседателот Џафери ги прочита предлог-законите предвидени за расправа, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се јавуваа за збор со предлози за измени на дневниот ред, но ниту еден од предлозите не беше усвоен.

-Ме повикувате на хуманост овде и ќе си ги коментирам! Трите точки се по скратена постапка коишто треба да ги гледа прво Комисијата за труд и социјални работи за да можат да створат услови да се разгледаат така како што барате.Како прво тоа е невозможно! Но, манипулирате со јавноста така. Ме повикувате на хуманост, а претставникот на тие личности на кои се повикувате цел ден не чека овде за дневен ред и за првата точка која сме ја донеле заедно. Не ме повикувајте мене на хуманост, мислете вие што зборувате на говорницата - кажа Џафери.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега