Меџити во „единица“, Ахмети во „шестка“, Џафери во „петка“ - кои ќе бидат носителите на листи на ДУИ

 Неофицијално, од внатрешни извори на ДУИ, ТВ21 дознава дека носител во првата изборна единица ќе биде поранешниот градоначалник на Чаир и претседател на огранокот во Чаир, Изет Меџети. Лекарот и директор на Ургентниот центар, Илир Хасани ќе биде носител на изборна единица 2. Додека Али Ахмети како и секогаш, во изборна единица 6. Се уште не се знае дали Талат Џафери ќе се најде на листата на петтата изборна единица.

Претседателот на огранокот во Чаир, Изет Меџити вели дека се уште не е дискутирано во внатрепартиските органи. Портпаролот на ДУИ, вели дека се уште е рано да се дискутира за имињата на носителите на листите.

„Партиските органи се уште не дискутирале за носителите на листите за парламентарните избори“, изјави Бујар Османи.

Инаку екс вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими се дознава дека ќе биде шеф на изборен штаб на ДУИ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега