Николовски: ВМРО-ДПМНЕ не може да донесе правда затоа што таму се уште седат луѓе кои се обвинети за криминал

ВМРО-ДПМНЕ не може да донесе правда затоа што таму се уште седат луѓе кои се обвинети за криминал, порача генералниот секретар Љупчо Николовски на дебатната емисја „Топ тема“.
Правда не можат да донесат оние ккои што носеа неправда, оние што се борат за одбрана на криминал, оние кои ги опструираат законите во Собранието, истакна генералниот секретар Николовски. 
ВМРО-ДПМНЕ и пратениците кои седат во палата на најбогатата партија во Европа, свесно ги опструираат процесите на носење закони. Го опструираат Законот за Јавно обвинителство, го кочат и Законот за јавнообвинителска служба, го блокираат и Законот за одбрана кој е услов за заокружување на формалното членство во НАТО и со тоа работат против овој интерес на многу генерации. Паертија со такво однесување не може да донесе правда, заклучи Николовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега