Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти расправата за буџетот: Нема да бидеме декор за криминалите на Шилегов

Од 70 поднесени амандмани на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија за предлог буџетот за 2020 година, Градот Скопје нема прифатено ниту еден.  Што говори дека овој буџет е едностран, неразвоен и служи единствено за исполнување на лукративните цели на Петре Шилегов и СДСМ.

Соопштението на советниците го пренесуваме во продолжение: 

Шилегов носи буџет со кој Градот Скопје не оди напред туку тоне  во долгови, неразвојност и криминал. Токму затоа, поради демонстрација на насилие и едноумие  од Шилегов, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ја напушта амандманската расправа за предлог буџетот за 2020 година.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија во Градот Скопје нема да служи како декор за исполнување на лукративните цели на Петре Шилегов.

На Петре Шилегов му треба Совет кој ќе ги аминува неговите сулуди и нереални идеи и на неговиот СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува и нема да допринесува за носење на мегаломански, популистички и неразвоен  буџет за Град Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега