СДСМ: Режим никогаш повеќе

Пред седум години насилничкото, криминално однесување на ВМРО-ДПМНЕ го создаде еден од најцрните датуми во нашата демократија. Ова денеска го велат СДСМ.

- На 24 декември 2012 ВМРО-ДПМНЕ раководена од Никола Груевски насилно ги избрка прво новинарите од собраниската галерија, а потоа насилно ги исфрли пратениците од опозицицијата тогаш предводена од СДСМ. 24 декември е вистинското лице на режимот, вистинското лице на насилничката криминална матрица на ВМРО-ДПМНЕ која ќе кулминира на 27 април со крвавиот четврток и насилниот упад во Собранието. Денес, ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, партијата се уште е раководена од Никола Груевски, избеганиот криминалец во Будимпешта, а Христијан Мицкоски е само неговиот портпарол. Денес, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи против интересите на граѓаните, велат тие.

Со секој нов ден, деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ ескалира, соочени со паниката од извесниот изборен пораз.

- Цел ден вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Кочничарска ја блокираа седницата со нелогични и неосновани барања за промена на дневниот ред. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кочат и блокираат бројни закони кои се во интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кочат и блокираат сѐ што значи враќање пари кај граѓаните. Блокираат се што не е по планот на Груевски. Блокади, кочења, опструкции, тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Ниту една мерка, ниту една идеја како да се подобри животот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ значи нестабилност, ризик и враќање на режимот. Затоа граѓаните ќе ги казнат нивните деструктивни политики и  на 12 април ќе порачаат Режим – никогаш повеќе, влат тие.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2019 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега