Стоилковски: И додека граѓаните јадат сол и леб, фирмите на Заев и нивните олигарси работеа во РЕК Битола за милиони евра

Зоран Заев и СДСМ пред три години го поништија огласот за набавка на механизација и опрема за РЕК Битола, распишан од претседателот Христијан Мицкоски, како тогашен директор на ЕЛЕМ. Инвестиција која што ќе заштедеше пари и ќе ја направеше РЕК Битола независна од надворешни изведувачи, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев го поништи огласот за набавка на опрема и механизација за РЕК Битола за да може да распишува милионски тендери за ископ и транспорт на руда. И додека граѓаните јадат сол и леб, фирмите на Заев и нивните олигарси работеа во РЕК Битола за милиони евра, рече Стоилковски и додаде:

„Наместо да заштеди пари, РЕК Битола изминативе три години потроши 40 – тина милиони евра за плаќање на надворешни изведувачи. За сега откако го исцедија буџетот на претпријатието да распишуваат оглас, овој пат под сомнителни околности. Критериум за избор која фирма ќе го добие тендерот за набавка на опрема нема да биде најниска цена, туку власта си остава простор да може да го избере кој сака. Односно фирмата која што им е блиска“.

Пустошот, потенцираше тој, во енергетскиот сектор е видлив и мора да запре.

-По 12-ти април следува одговорна и развојна енергетска политика, со инвестиции и проекти за доброто на граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2019 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега