Алијанса за Албанците: Коалицијата ДУИ-ВМРО му дозволува екстра луксуз на Градоначалникот на Чаир

Соработката ДУИ-ВМРО започна да се продлабочува и во локалната власт, и покрај нивната очигледна соработка на државно ниво., се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.

„Дека овие две партии продолжуваат да се фаворизираат меѓусебно како потенцијални партнери за изборите на 12 април, јасно се гледа од сличните ставови и меѓусебната поддршка кога станува збор за донесување на одлуки.

Така се случи  и денеска во Чаир, каде членовите на ДУИ, ВМРО и СДСМ гласаа за годишниот буџет на Општина Чаир.

Советниците на Алијансата за Албанците во Чаир реагираа на одлуката затоа што не е можно да се одобри буџет без да се анализира каде треба да одат тие парите. Денес Општинат Чаир работеше против своите граѓани, без да им даде можност да се изразат каде, како и во кои проекти треба да се распределат парите.

Со донесување на оваа одлука, буџетот на општина Чаир му дава на градоначалникот 5.000 евра повеќе, односно 10.000 илјада евра за дозволени трошоци. Ова значи намалување на буџетот од сегашните барања на граѓаните да му дадат на градоначалникот поголем луксуз.

Прелиминарната анализа што треба да се направи за да се донесат вакви одлуки, од особено значење за самите жители, јасно покажува дека нема транспарентност на општината во обврските кон нејзините жители.

Покрај оваа одлука, ДУИ со помош на ВМРО го направи изборот за Претседател на Советот на Општината“, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2019 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега